Пет универзитети се под мониторинг, изјави денеска министерката за образование, без да сподели за кои институции точно станува збор

Во процес на затворање се и пет-шест институти
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид, каде е дел од владината делегација која е во посета на општината.
Прашана, кој е епилогот од досегашните активности за „чешлање“ на универзитети, таа одговори:
Во продолжение на одговорот, се осврна на детали од евалуациите. Не кажа конкретни имиња на институции, но сподели бројки.
„Првите евалуации кои се прават со странски експерти покажуваат во одредени универзитети добро работење, но во одредени универзитети ќе бидат одземени акредитациите. Но, има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме. Законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не поправуваат ќе бидат затварани. И тоа постепено се случува.
Досега се затворени 18 институти и еден приватен факултет – висока стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор, ама пет-шест институти сигурно и правиме проверка или мониторниг во најмалку уште пет универзитети“,изјави Весна Јаневска.




