дома Локално Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер

Облачно со сончеви периоди, попладне дожд и ветер

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се најавува пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен, а наместа повремено со силен интензитет.

Наутро температурата ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени, а во текот на денот од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од утре ќе биде сончево со променлива облачност и умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

ПредходнаПожар во сендвичарата „Baking Bread“ во Центар
СледнаЛевичарска група ја презеде одговорноста за саботажата на железничката пруга во близина на Келн