Министерството за внатрешни работи ја избриша фотографијата што ја објави на Фејсбук за пронаоѓањето на романскиот државјанин на Матка.
Првичната фотографија отвори сомнеж дека е направена со вештачка интелигенција, а доказ за тоа е раката поставена на ранецот на спасеното лице која не може да се поврзе со ниту еден од полициските службеници.
Она што дополнително отвори сомнеж за автентичноста на фотографијата е и податокот од Центарот за управување со кризи дека лицето е пронајдено рано наутро во 03:45 часот, а на фотографијата се гледа брод со повеќе лица во позадина.



