Сончево време со повремено засилен северен ветер не очекува денес на почетокот на новата работна седмица. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h.
Минималната температура, според прогнозата на УХМР, ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 24 до 34 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и ветровито, а максималната температура ќе биде околу 30-тиот степен.
Во среда, повторно во попладневните часови се најавува локален дожд и грмежи.




