дома Култура Изложба посветена на Националниот џез оркестар

Изложба посветена на Националниот џез оркестар

Во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“, во рамки на годинашното издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Изложбата е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.

 

ПредходнаМаж ја загуби сопругата во пожар во Шпанија: „Да ги оставевме мачките, двајцата ќе бевме живи“
СледнаОваа недела ЕУ го објавува 21-от пакет санкции против Русија