дома Македонија Политика Судење „Пулс“: Безбедноста на луѓето воопшто не била земена в предвид

Судење „Пулс“: Безбедноста на луѓето воопшто не била земена в предвид

Безбедноста на гостите  во клубот  воопшто не била предмет на интерес, во „Пулс“.  Локалната и централна власт, институциите и поединци потфрлиле, не се почитувале стандардите, регулативата, ниту процедурите. Ова се дел од заклучоците од градежното вештачење, а го посочи вештакот и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски,на последното рочиште за  дискотеката „Пулс“Дискотека Пулс Кочани

Професорот посочи дека објектот е составен од два дела-еден со одобрение за градба од 1999, а вториот е дивоградба легализирана во 2011 за лесна индустрија, а потоа пренамената. Марковски ја појасни и хронологијата на извршените градежни активности.

Г „При пожарот во „Пулс“ многу брзо е дојдено до уривање на дел од покривната конструкција, што покажува дека воопшто не е водено сметка за статика. Да се коригирам, можеби за индустријата кога била конструирана – да, но за дискотека – не. Нема закон што може да донесе и предвиди нешто поинакво од ДУП-от. Но, она што е најважно тука, бидејќи фокусот е на безбедноста, степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Не смее и не може на објекти за друга намена да користиме исти материјали затоа што ризиците од пожари се разликуваат за разни намени на користење и тоа не е само за опасноста од пожари.“

Родителите на загинатите деца се осврнаа на податокот кој произлегува од вештачењето, на тоа дека во периодот 2012 до 2024, ниедна фаза не е проследена со проект, надзор или инспекциски записник.

„Вештаците јасно заклучуваат дека не станува збор за обична адаптација туку за реконструкција, во смисла на законот на градење. Тогаш прашањето е едноставно, кој требало да го види тоа? Кој требало да го контролира, кој да реагира? Бидејќи објектот бил надлежност на локална самоуправа и вештиот наод ги посочува ДЗС, Државен инспекторат за труд, градежните инспектори како инспекции со законски надлежности.“

Судскиот процес за овој случај продолжува во август.

ПредходнаБез струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром
СледнаСо претставата Татко, Бајруш Мјаку ја заокружува својата 53-годишна кариера