дома Македонија СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спаси Груевски и го одмрзна...

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спаси Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО

По 8 години „Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО, реагира Социјалдемократскиот сојуз по повод одлуката на Кривичниот суд кој донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Талир 2“.
– Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Правда нема!, пишува во реакцијата на СДСМ.
Мицкоски му овозможува на својот ментор Никола Груевски да ја избегне правдата за Талир 2, посочуваат од СДСМ.
ПредходнаГруевски ослободен од обвинението во Талир 2
СледнаУсловна казна за екс претседателката на Антикорупциската комисија