дома Македонија Повеќе куќи и црквата „Св. Петар и Павле“ спасени од ТППЕ Струмица

Повеќе куќи и црквата „Св. Петар и Павле“ спасени од ТППЕ Струмица

Повеќе куќи и црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Бајково се спасени по денешните пожари во атарите на селата Бајково, Мокриево, Петралинци и Еднокукево.

Од Територијалната противпожарна единица на Струмица оценија дека денешниот ден бил еден од потешките за струмичките пожарникари.

– Денешниот ден беше еден од потешките за струмичките пожарникари бидејќи интервенираа на повеќе локации, меѓу кои главни беа пожарите во атарите на селата Бајково, Мокриево, Петралинци и Еднокукево, соопштија на фејсбук-профилот од Територијалната противпожарна единица на Струмица (ТППЕ), се вели во објавата на ТППЕ Струмица на Фејсбук.

Гореле дрвја, сува трева, ниска вегетација, стрништа, како и земјоделска механизација – машина за балирање слама.

Струмичките пожарникари апелираа до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни, односно да не палат стрништа, отпад или сува вегетација.

– Огнот не простува, но со заедничка одговорност можеме да спречиме катастрофални последици, велат од ТППЕ од Струмица.

ПредходнаАлбанија и ЕУ привремено затворија три преговарачки поглавја