дома ТОП ВЕСТИ МВР официјално потврди: Уапсен Александар Лазаров – Цуна по четиридневното бегство

МВР официјално потврди: Уапсен Александар Лазаров – Цуна по четиридневното бегство

 

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана централна и меѓународна потерница.

Лазаров доцна синоќа  бил лоциран во Скопје и приведен од полициски службеници.

„На 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Потраги, од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани, осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, соопшти МВР. Лазаров беше приведен под сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега преку прозорец од Полициската станица во Кочани.

Неговото име беше спомнато и во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Во исказ пред обвинител, сведокот Ана Томева изјави: „Лице познато како ‘Цуната’ беше главен дилер на дрога. Беше стално апсен, па пуштан.“

Во меѓувреме, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР води истрага за евентуална одговорност на полициските службеници од кои Лазаров успеа да избега.

Предходна📷 За инает на „хејтерите“: Фотографија „тешка“ 1,5 милијарди долари
СледнаВо Собранието денеска опозициски прашања и тековни извештаи и закони