дома Македонија Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка, Уставниот суд нема официјална потврда од...

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка, Уставниот суд нема официјална потврда од него

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка и за тоа го информирал Собранието. Од Уставниот суд велат официјална информација немаат од Наумовски дека поднел оставка, а претседателот на Уставниот суд за тоа добил информација од телефонски разговор со претседателот на Собранието.

– До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, велат од Уставниот суд.

Наумовски бил отсутен на вчерашната и денешната седница.

Наумовски дојде на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата.

Наумовски е професор на Правниот факултет и брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.

ПредходнаПреживување во лето во канцеларија: Правила што никој не ги напишал, а сите ги почитуваат
СледнаСопругата на Меси ја засени Викторија Бекам: Се појави на многу важен настан и го привлече целото внимание