дома Локално Општина Карпош погодена од невремето: Повредена граѓанка

Општина Карпош погодена од невремето: Повредена граѓанка

Силниот ветер што синоќа го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми, меѓу кои паднати дрвја на улици и јавни површини, како и скинат електричен кабел.

Од општината потврдија дека при еден од инцидентите е повредена граѓанка, на која ѝ е укажана соодветна помош.

-Во тек сме со случувањата и нејзината здравствена состојба преку надлежните служби, додаваат од Општина Карпош.

Екипите на Општина Карпош веднаш излегоа на терен и успешно интервенираа на улиците „Јуриј Гагарин“, „Драгиша Мишовиќ“ и на плоштадот „Делфина“, каде што ги расчистија паднатите дрвја. Исто така, на улицата „Каирска“ бр. 43 беше отстранет скинатиот кабел, со што е елиминирана потенцијалната опасност, соопшти прес службата на општина Карпош.

Повеќе не постои опасност за граѓаните, а сите критични локации се расчистени. Општинските служби и понатаму се на терен и подготвени да интервенираат каде што е потребно.

ПредходнаОбвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
СледнаБројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 5.278