дома Локално Ѓорѓиевски објави броеви на кои може да се пријават штетите од невремето...

Ѓорѓиевски објави броеви на кои може да се пријават штетите од невремето во Скопје

Градоначалникот на Скопје објави броеви на кои граѓаните може да се јават за да пријават штети од невремето што попладнето го зафати градот.
Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:
112
072314929
072314909
02/3297-204
– Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба, вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
Предходна(ВИДЕО) Скопје ги брои штетите од невремето, над 1000 повици
СледнаОсум граѓани повредени во невремето