дома Култура „Beach Film Festival“ по деветти пат во Охрид

„Beach Film Festival“ по деветти пат во Охрид

Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ од денес до недела ќе се одржува во Охрид. Пет дена на четири локации ќе бидат прикажани филмови под отворено небо со што Охрид ќе стане летна филмска сцена.

Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и едукативни содржини.

Официјалната селекција на долгометражни филмови се отвора денес на плажата Славија со „Being Maria“ на Џесика Палид. Меѓу главните настани на фестивалот е и специјалната проекција на „The Instinct“ на Хуан Албарасин, што ќе се одржи на бродто Армада на 25 јули во 21:30,

Фестивалот се затвора во недела на плажата Славија со специјалната проекција на „Приказната за Силјан“, најновиот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, а истата вечер во 20:45 во Специјалната селекција е и „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски.

ПредходнаМамдани: Нетанјаху е воен злосторник, но Њујорк нема овластување да го уапси
СледнаПетнаесет повредени во невремето во Скопје, двајца потешко, примени во две клиники, огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“