дома Македонија Политика СДСМ бара оставки од Клековски, Андоновска и Миланов: „Институциите не го заштитија...

СДСМ бара оставки од Клековски, Андоновска и Миланов: „Институциите не го заштитија здравјето на граѓаните“

Случајот со масовното труење во Гостивар не е изолиран инцидент, туку најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. По Гостивар, небезбедна за пиење е и водата од градскиот водовод во Валандово, во Крушево а на виделина излезе уште еден загрижувачки скандал со водата и во Болницата за белодробни заболувања во Лешок каде се најдено колиформни бактерии, се вели во соопштението од СДСМ.

-Зошто не биле преземени итни мерки? Колку долго пациентите и вработените биле изложени на загадена вода?  Кој ќе понесе одговорност за непостапувањето?, прашуваат од опозицијата.

Велат, од Гостивар, преку Валандово, Крушево до болницата во Лешок, се потврдува дека институциите повеќе не ја извршуваат ниту својата најосновна обврска – да ги заштитат животот и здравјето на граѓаните.

-Здравствениот систем е оштетен, институциите се нефункционални, а власта на Христијан Мицкоски нема ниту капацитет ниту одговорност да се справи со сериозните закани по јавното здравје. Министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов треба да поднесат оставки веднаш!  За труењето на народот одговорност мора да има, политичка и кривична, велат од СДСМ.

Додаваат дека на целата неспособност и неодговорност Клековски уште ги нападнал докторите и ги навредил, само затоа што ја изнеле вистината.

-СДСМ бара итно објавување на сите анализи за квалитетот на водата, целосна истрага за непостапувањето на надлежните институции и одговорност од сите што знаеле, молчеле и го загрозиле здравјето на граѓаните, велат од партијата.

Предходна4 витамини и додатоци во исхраната што не треба да ги земате со кафе
СледнаМуцунски: Има позитивен импулс за изнаоѓање решение ЕУ процесот, ама не можеме да го претставиме пред јавноста