дома Свет Земјотрес ја погоди Италија, граѓаните излегоа на улиците

Земјотрес ја погоди Италија, граѓаните излегоа на улиците

  Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди италијанскиот регион Молизе во текот на ноќта, а многу граѓани излегоа на улиците како мерка на претпазливост.


Според податоците од Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), земјотресот е регистриран веднаш по полноќ, со епицентар во областа на општината Пиконе, во покраината Изернија, на границата со Абруцо и Лацио, на длабочина од 10 километри, објави Анса.
Земјотресот, кој траел неколку секунди, бил почувствуван низ целата област на Изернија, како и во покраините Кјети, Л’Аквила и Казерта.
Досега не се пријавени материјални штети или повредени.
Втор земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во истата област во 3:41 часот наутро, на длабочина од девет километри.

ПредходнаСилна бура ја погоди Атина, а невреме во многу делови од Грција и Халкидики
СледнаWSJ: Трамп е бесен поради војната со Иран. Советниците се плашат од пораз на средината на мандатот