дома Свет Балкан Словенечкиот Уставен суд ја отфрли жалбата за наводно странско мешање во изборите

Словенечкиот Уставен суд ја отфрли жалбата за наводно странско мешање во изборите

Словенечкиот Уставен суд  објави дека отфрлил жалба поврзана со губењето на довербата во слободните избори поради наводно странско влијание од формални причини, но дека покренал постапка за оценување на уставноста на одредени членови од законот за избори за Народното собрание, пратеници и Уставниот суд.
Уставниот суд ќе утврди дали заштитата на гласачкото право по денот на изборите е регулирана во согласност со Уставот, објавува РТВ Словенија.


Жалбата до Уставниот суд ја поднесе професорот по граѓанско право Рок Лампе, потпишана од осум лица, против одлуката на Народното собрание да ги потврди мандатите на пратениците на пролетните парламентарни избори.
Рок Лампе, меѓу другото, оцени дека обврска на државата е да обезбеди граѓаните кои имаат активно право на глас да имаат демократски, слободни и „без компромис од странска сила“ избори, што според него државата не го сторила дозволувајќи ѝ на „странската израелска разузнавачка агенција“ да се меша во изборите.
Уставниот суд објави дека утврдил дека подносителот на жалбата не докажал постоење на процедурални услови за суштинско разгледување на жалбата со која се оспоруваат резултатите од изборите, поради што жалбата е отфрлена.

„Доколку подносителот на жалбата не докаже дека учествувал на изборите како кандидат или претставник на листа на кандидати, тој нема активно право да поднесе жалба против одлуката на Народното собрание за потврдување на пратеничките мандати“, се вели во соопштението.

Судот, како што е најавено, започна со преиспитување на одредени членови од законот за избори на Народното собрание, за пратениците и за Уставниот суд.

Уставниот суд одлучи да покрене постапка за преиспитување на уставноста на членовите 106, 107, 108 и 109 од Законот за избори на Народното собрание, кои се однесуваат на заштитата на правото на глас, член 7 од Законот за пратениците, кој се однесува на стекнувањето и престанокот на пратеничкиот мандат, и член 69 од Законот за Уставниот суд, кој се однесува на рокот за жалба на одлуката за потврдување на пратеничките мандати.

„Уставниот суд ќе ги оцени овие одредби првенствено од перспектива на почитување на правото на правен лек и судска заштита. Ќе одлучува за ова со апсолутен приоритет“, се вели во соопштението.

ПредходнаНајмалку 21 лице, вклучувајќи 17 пожарникари, повредени во пожар во Њујорк
СледнаАлдос Хаксли и неговиот поинаков пристап кон литературата