Царинските службеници на грчките гранични премини денеска го започнаа предупредувачкиот штрајк, и не работат одноносно штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија се затворени, а возила се пропуштаат на секои десет минути.
За камионите и големиот транспосрт воопшто нема пропуштање и за влез и за излез.
Причина за штрајкот се додатоците на плата на царинските служби и лошите услови за работа. Тие бараат исплата на прекувремени часови, празнично, сменска работа и работа во викенди . Ова е на некој начин предупредувачки штрајк и се однесува на сите копнени гранични премини на Грција.
Министерството за внатрешни работи, соопшти дека ќе се преземат сите мерки и оти ќе бидат ставени во функција сите човечки и технички капацитети, односно ке се работи по стандардни процедури и немада има никаков застој на македонска страна, односно се ке зависи од протокот на грчка страна.
Ако се земе предвид дека е шпицот на летната сезона , засега и нема преголем застој во движењето.




