дома Македонија Економија Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај...

Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

Мерките и иницијативите што ги презема Владата за привлекување странски туристи даваат конкретни резултати на терен, што е особено видливо преку драстичниот скок на фреквенцијата на домашните аеродроми во ек на туристичката сезона. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од досегашните политики во овој сектор.

Шефот на извршната власт се повика на меѓународни извештаи кои ја позиционираат земјата на самиот врв во европски рамки според процентот на зголемување на странските посетители.

Според неговите тврдења, овие позитивни трендови ќе дадат силен поттик и врз вкупните економски показатели на државата.

Премиерот Мицкоски ги изнесе конкретните податоци и очекувања за ефектот врз домашната економија:

„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“

Со оглед на резултатите, тој не посочи чиј е успехот дали на министертвото , односно сменетиот министер за култура и туризам или на новиот министер или на цела Влада.

ПредходнаДве недели по ред скока цената на горивата, Владата во понеделник ќе одлучува за мерки
СледнаПрв потежок случај на западно-нилска треска во земјава