дома Свет Балкан Земјотрес со јачина од 3,1 степени во близина на Сараево, жителите ги...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени во близина на Сараево, жителите ги почувствуваа потресите

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово источно од Сараево, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 4:21 часот по локално време, а епицентарот бил 12 километри источно од Сараево, односно 166 километри северозападно од Подгорица, на длабочина од шест километри.
Потресите ги почувствувале многу жители на Сараево и околните населби, при што повеќе од 490 корисници на EMSC пријавиле дека го почувствувале земјотресот, а на нивната страница се објавени речиси 200 коментари од граѓани.

ПредходнаРуските генерали лажат, додека Путин се фали дека го познава фронтот во Украина „како на прсти“
СледнаАНКЕТА Само Румен Радев и Илијана Јотова се со позитивен биланс, но корупцијата главен проблем на Бугарија