Собранието го повлече спорниот закон за Скопје – европска престолнина на културата откако во јавноста излегоа низа реакции од страна на политички партии, Антикорупциската комисија и граѓански здруженија кои укажаа на можноста од корупција со овој закон.
Пред повлекувањето претходеа бурни процедурални забелешки, а потоа и итна координација кај претседателот на Собранието.

Законот беше поднесен од група пратеници од власта, а требаше да се носи по скратена постапка.
Со него се предлагаше формирање на Фондација, а јавните набавки требаше да бидат изземени од Законот за јавни набавки каде граѓанските организации го гледаат изворот на моѓна корупција.
Реагираше и Левица која излезе со тврдење дека градоначалникот на Скопје веќе го назначил екс директорот на МРТ Марјан Цветковски за директор на Фондацијата.
Се огласи и Антикорупциската комисија.




