дома Магазин Околу шест милиони Европејци досега гласаа за идните евро банкноти

Околу шест милиони Европејци досега гласаа за идните евро банкноти

Околу шест милиони Европејци досега гласаа за дизајните на новите евро банкноти, соопшти денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Десетте потенцијални нови дизајни на евро банкотните минатата недела ги претстави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, а гласањето по нив е отворено до 21 септември.

ЕЦБ ќе донесе конечна одлука за дизајнот на банкнотите кон крајот од годината, по што новите евра ќе бидат пуштени во оптек во наредните години.

Новите евро банкноти ќе бидат поделени на две теми: европска култура и реки и птици, а веќе е утврдено и што ќе се појави на секоја банкнота за овие теми. Така, во тмата европска култура на банкнотата од 10 евра ќе се најде ликот на композиторот Лудвиг ван Бетовен, а во темата реки и птици ќе има рибарче или речен тек.

Ова е првпат од 2002 година кога беа воведени банкнотите, тие целосно да бидат редизајнирани и ќе имаат нови и подобрени безбедносни карактеристики.

ПредходнаОрганизирале борби со кучиња: Полицијата приведе двајца гостиварци
СледнаСубвенции од 30.000 денари за граѓани кои се за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен