
Слика од екранот: XПричината за пожарот во оваа православна црква, симбол на руската престолнина со своите шарени куполи што се издигаат над ѕидините на Кремљ, не е прецизирана. Подоцна беше објавено дека пожарот е изгаснат.
Нема жртви.
Повикувајќи се на службите за итни случаи, ТАСС соопшти дека пожарот избувнал во канцеларијата на администраторот на катедралата и дека изгореле 10 квадратни метри.
SMOKE REPORTED AT ST. BASIL’S CATHEDRAL IN CENTRAL MOSCOW pic.twitter.com/2YGg5YUreJ
— Russian Market (@runews) July 31, 2026
Според првичните информации, нема жртви, додаде истиот извор, истакнувајќи дека на местото на настанот се распоредени 10 противпожарни возила.
Катедралата „Свети Василиј“, архитектонско чудо изградено во средината на 16 век, беше ставена на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1990 година, заедно со Кремљ и Црвениот плоштад.




