
Коски од мамут неочекувано се пронајдени во Бугарија во коритото на реката Дунав, чие ниво на водата е екстремно ниско.
Како што јави германската новинска агенција ДПА, коските се откриени од локален жител во близина на селото Рјахово, во реонот на градот Русе.
Регионалниот историски музеј во Русе соопшти дека се откриени долна вилица, два заби и ребро од мамут.
Експерти сега ќе ги анализираат остатоците за да го утврдат нивното точно потекло и возраст.
Остатоци од праисториски животни не се невообичаени во регионот Русе. Градскиот музеј поседува некои поранешни откритија, како и модел на мамут во полна големина.




