
Десетици млади Шпанци незадоволни од начинот на кој шпанските властите се справуваат со мигрантската криза во Сеута, решија сами да дејствуваат и формираа групи за да ги избркаат мигрантите од оваа шпанска енклава на северноафриканскиот брег.
Како што објави „Њујорк Тајмс“, околу 50 млади мажи се собрале синоќа на плоштадот Плаза де лос Рејес во центарот на Сеута и викајќи „За Мароко!“ кон мигрантите кои се наоѓале во реонот. Неколку мигранти избегале, по што насобраните младинци почнале да ги бркаат предизвикувајќи физичка пресметка.
Некои од младите имале покриени лица, а аплаудирале секој пат кога ќе успееле да натера некој мигрант да се повлече. Одејќи низ улиците на Сеута, тие извикувале: „Да живее Шпанија!“
Околу 50.000 мигранти влегоа на територијата на Сеута во четвртокот и петокот, што предизвика сериозна криза во градот и покренаа прашања за способноста на Шпанија да ги контролира своите граници.
Во меѓу време, шпанските власти денес објавија дека ќе постават бариера во морето меѓу Мароко и Сеута. Бариерата ќе биде долга 500 метри, која ќе се протега до еден метар под површината на морето. Таа дополнително ќе биде обезбедена со надворешен ред прицврстени пловаци што ќе ги постави шпанската Воена морнарица.




