дома Свет Балкан Поради пукање гума на авион времено затворен аеродромот во Сплит

Поради пукање гума на авион времено затворен аеродромот во Сплит

Поради технички проблем при слетување на авион од типот Ербас А320 на шпанската авикомпанија „Иберија“ во Сплит, попаднево времено беа одложени сите полети од сплитскиот аеродром „Свети Јероним“, а авионите што требаше да слеатаат се пренасочени кон други аеродроми, соопшти хрватската воздухопловна управа.

Според хрватските медиуми, на авионот му пукнала ппредната гума при слетувањето, но благодарение на брзата и трезвена реакција на екипажот, бил избегнат посериозен инцидент и Ербасот на излетал од пистата. При инцидентот не е повреден никој од патниците и членовите на екипажот.

Поради блокирањето на пистата од страна на авионот, аеродромот е времено затворен за сообраќај. Дојдовните летови се пренасочуваат кон алтернативни аеродроми во регионот, а полетувањата се одложени.

Надлежните аеродромски служби и технички тимови се на терен за да обезбедат услови за безбедно отстранување на авионите од пистата и продолжување на сообраќајот.

ПредходнаУЕФА бара заминување на Инфантино: Актуелното раководство на ФИФА ја загуби нашата доверба
СледнаВашингтон ги советува граѓаните на САД да размислат за напуштање на Блискиот Исток