Најмалку три лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во експлозија во летната градина на ресторан на плоштадот Кудрински во Москва, соопшти денес руското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се вели дека повредените се здобиле со повреди со различна тежина и се хоспитализирани, пренесува Спутник.
Службите за итни случаи се на местото на експлозијата и ги утврдуваат околностите на инцидентот.
Сообраќајот во околните улици е прекинат.




