дома Свет Абдул Ел-Сајед победи на прелиминарните сенатски избори на демократите во Мичиген, Трамп...

Абдул Ел-Сајед победи на прелиминарните сенатски избори на демократите во Мичиген, Трамп задоволен од резултатот

Лекарот Абдул Ел-Сајед е изнандувачки победник на прелиминарното гласање за избор на кандидатот на Демократската партија за член на американскиот Сенат од Мичиген.

Ел-Сајед, кој е припадник на прогресивното крило на демократите во неизвесна трка ја победи умерената демократска конгресменка Хејли Стивенс.

На изборите за место во Сенатот во ноември Ел-Сајед ќе се соочи со републиканецот Мајк Роџерс, кој важи за сојузник на американски претседател Доналд Трамп.

Доколку биде избран за сенатор, Ел-Сајед, кој е син на египетски имигранти, ќе стане првиот муслиман член на американскиот Сенат.

Во текот на кампањата, Ел-Сајед се залагаше за универзално здравствено осигурување, реформи на американската имиграциска и царинска служба и за прекинот на безусловната воена помош на САД за Израел.

„Движење кое сака да ги извади парите од политиката, да ги стави парите во вашите џебови и да им донесе здравствено осигурување на сите, е одлично движење“, изјави Ел-Сајед по победата на прелименарните избори.

Тој вети дека ќе ги претставува сите жители на Мичиген, без оглед на тоа дали ќе гласаат за него или за неговиот противник или дали на претседателските избори во 2024 година ја поддржале демократската кандидатка Камала Харис или Трамп.

Ел-Сајед во кампањата доби поддршка од истакнати личности на американската левица, вклучувајќи ги сенаторот Берни Сандерс и конгресменката Александра Окасио-Кортез. По прелиминаното гласање Стивенс му честиташе на Ел-Сајед за победата и објави дека ќе го поддржи на ноемвриските избори.

„Сакам да му честитам на Абдул Ел-Сајед за освојувањето на демократската номинација за Сенатот на САД. Тој е лекар, службеник за јавно здравје, стипендист на Роудс и посветен жител на Мичиген. Горда сум што го поддржувам во неговата трка против Мајк Роџерс“, рече Стивенс, која во кампањата за прелиминарните избори беше поддржана од гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер и актуелниот сенатор Гари Питерс, кој по 12 години минати во Сенатот нема да се кандидира за нов мандат.

На победата на Ел-Сајед реагираше и американскиот претседател Трамп, кој оцени дека ваквиот изборен резултат претставува „одлична вест за Републиканската партија“. Трамп и овој избор го искористи за напади врз демократите и нивните политики.

Изборите во ноември за една третина сенатори и за целиот состав на Претставничкиот дом, кои се одржуваа на половина од мандато на Трамп, ќе го одредат балансот на моќта во Конгресот во следните две години.

Демократите последниве децении трaдиционално победуваат на изборите за сенатор од Мишиген. Последниот републиканаки сенатор од Мичиген, беше Спенсер Ебрахајм избран во во 1994 година.

ПредходнаНови тензии меѓу Америка и Кина. Си му одговори на Трамп со нови санкции
СледнаФранција ќе воведе построги правила за телефонски маркетинг од 11 август