дома Локално Во општина Центар инфо-штандови за топлотниот бран

Во општина Центар инфо-штандови за топлотниот бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

– Општина Центар е на терен со конкретни мерки – делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар  се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат  здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

ПредходнаНајновите набљудувања на Сонцето откриваат плазма вртлози на неговата површина
СледнаБистро-матно: На врвот критиките од Брисел за владеење на правото и случајот со водата во Гостивар