дома Македонија СДСМ тврди дека биле нападнати млади активисти во Ново Село

СДСМ тврди дека биле нападнати млади активисти во Ново Село

Опозициската СДСМ тврди дека млади активисти биле нападнати во Ново Село затоа што носеле транспарент дека водата во Гостивар е загадена. СДСМ бара од полицијата и Обвинителството веднаш да постапат.

– Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе, изјави денеска Кети Штерјова од СДСМ.

Според СДСМ, во нападот учествувал и возач на градоначалникот на Струмица од ВМРО – Наско Димитриев.

– Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи, рече Штерјова.

ПредходнаМакедонија доби 149 милиони евра за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир