дома Магазин Трамп организира улична ИндиКар трка низ Вашингтон

Трамп организира улична ИндиКар трка низ Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп на 22 и 23 август низ улиците на главниот град Вашингтон ќе ја организира трката „Фридом 250 Гран При“, на која ќе учествуваат возила кои на улични трки развиваат брзина до околу 320 километри на час и создаваат таков потисок што можат да „извлечат“ капаци за шахти од асфалтот, објави Еј-Би-Си Њуз.

„Да го правевме ова кој било друг ден, мислам дека луѓето би завршиле во затвор, можеби доживотно“, се пошегува Трамп при најавата на настанот во Белата куќа во присуство на возачи на ИндиКар.

Трката е најновата и најбрзата во низата големи настани што Трамп ги организираше за да ја одбележи 250-годишнината од незавинсоата на САД, прослава на која тој пред се се фокусираше на сопствената промоција.

Тој беше домаќин на УФЦ борба на јужниот тревник на Белата куќа во јуни за неговиот 80-ти роденден, одржа митинг по повод отворањето на Големиот американски саем, а на 4 јули органиизраше величествен огномет за одбележување на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност.

Историчарот Мајкл Д. Хатем вели дека настаните на Трамп имаат малку врска со „специфичната историја на основањето на земјата или самата 250-годишнина“.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, одговори дека Трамп е „фокусиран на спасување на земјата, а не на собирање признанија“.

Ингл рече дека „Трамп се грижи Америка да го има спектакуларниот 250-ти роденден што го заслужува“, додавајќи дека серијата настани што претседателот помогна да се организираат покажуваат дека под негово водство „2026 година поттикнува обновено чувство на патриотизам и национална гордост“.

Патека низ срцето на Вашингтон

ИндиКар трката во Вашингтон ќе се вози 400 километри или 147 круга од по 2,67 километри со седум свиоци. Сопственикот на ИндиКар серијата, Роџер Пенске, кој беше награден со Претседателски медал за слобода од Трамп во 2019 година, е голем поборник за одржување на трката во главниот град. Тој му подари на претседателот тркачка кацига и го покани да ја носи „додека се вози во Ѕверот и ја води колоната кон зеленото знаме“.

Ова ја отвори можноста официјалната претседателска лимузина да учествува во почесниот круг на почетокот на трката. Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Баузер, посочи дека ова е „првата трка, а потоа следуваат втора и трета“, а Трамп рече дека би сакал да види повеќе вакви настани.

Сепак, директор на трката Бад Денкер, не е подготвен да дава такви ветувања. „Ова е прва и можеби единствена“, рече Денкер.

Трошоци и логистички предизвици

Денкер вели дека Пенске ги плаќа огромното мнозинство од трошоците, кои вклучуваат патни работи и други подобрувања, додека градот прави многу ограничено поплочување.

Градската администрација упати прашања во врска со трошоците за асфалтирање до Пенске. Околу една третина од патеката бара поправки, а цената треба да биде речиси 3 милиони долари.

Безбедност на патеката и гледачите

Еден од проблемите, вели Денкер, биле 222-те капаци за шахти на патеката, кои морале да се заварат за да не ги крене силата на вшмукување на автомобилите. Околу педесет капаци што биле поставени премногу длабоко и создавале нерамнини морале дополнително да се обложат со силикон.

Организаторите исто така плаќаат и за поставување на 1.800 бетонски ѕидови, секој со тежина од 4,5 тони, за да ја оградат патеката. За безбедноста ќе биде одговорна Тајната служба, која ќе управува со детектори за метал на влезовите. Денкер објасни дека се потпираат на федералните оддели за внатрешни работи и транспорт, не за финансирање, туку за помош со дозволи.

Тоа вклучува дозвола на „Шевролет“ да изложува автомобили и да продава сувенири и пиво на Националниот мол, каде што вообичаено не се дозволени.

Денкер откри и дека преку лотарија се побарани 288.000 бесплатни билети, што е далеку над планираниот капацитет од 130.000 гледачи за секој од двата дена од настанот.

„Тоа ќе биде нешто што никогаш порано не сме го виделе“, рече Денкер. Тој најави 90-минутна програма пред трката во недела и прелет со воени авиони слични на оние што се гледаат над Националниот мол на 4 јули.

Спортскиот коментатор Боб Варша вели дека патеката е пократка од повеќето улични патеки и дека дизајнот, со своите остри свиоци од 90 степени, веројатно би значел дека автомобилите нема да можат да одржуваат максимални брзини.

„Ќе има многу забрзување и сопирање. „Тоа е одлична идеја и се надевам дека ќе помине најдобро што може“, рече Варша.

ПредходнаПо украински напад во пламен една од најголемите руски рафинерии
СледнаУтре без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“