Пластично шише заглавено кај тркалото на автомобилот може да изгледа безопасно, но во некои случаи може да биде знак за внимателност бидејќи крадците го користат како метод за да го искористат невниманието на возачот.
Методот е едноставен. Крадците ставаат смачкано пластично шише меѓу гумата и браникoт, обично на задното тркало од страната на совозачот со што шишето често останува незабележано, а кога автомобилот ќе почне да се движи, тркалото ќе го згмечи шишето со што ќе се појави гасен звук што потсетува на дефект или на дупната гума. Природната реакција на повеќето возачи е веднаш да го запрат возилото и да излезат за да проверат што се случило.

Крадците го користат тој момент на невнимание на возачите и ако возачот го остави моторот вклучен или не ги заклучи вратите, крадецот може да го украде автомобилот или некои вредни предмети како што се чанта, мобилен телефон или паричник оставени во автомобилот.
За да не дојде до вакви несакани ситуации, с епрепорачува пред да се влезе во возилото, да се разгледа околу возилото и да се провери дали има сомнителни предмети. Во случај на необичен звук додека возилото е во движење, кога ќе се застане, да се исклучи моторот на автомобилот и да се извади клучот па потоа да се провери од каде доаѓа звукот.




