дома Култура Византискиот Христос повторно пред охриѓани

Византискиот Христос повторно пред охриѓани

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“, едно од ретките сочувани дела од византиската мозаична традиција во Охрид, повторно е претставена пред јавноста.

Иконата беше презентирана на 7 август во Галеријата на икони во Охрид, во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид. На свеченоста присуствуваше и митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј.

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ датира од XIV век, а била откриена во 1960 година во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Станува збор за исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период. Нејзината вредност не е само во уметничката изработка, туку и во историското и духовното сведоштво што го носи за Охрид и неговата улога како еден од значајните центри на христијанската култура на Истокот.

На презентацијата беше истакнато значењето на делото како сведоштво за поврзаноста на византиската уметност со црковниот и богослужбениот живот во средновековен Охрид.

Повторното изложување на мозаикот пред јавноста е и потсетување на богатото христијанско наследство на Охрид, во кое уметноста, верата и традицијата со векови се испреплетуваат.

ПредходнаВучиќ: Подготвив вечера за Зеленски. Да им го доближам духот на Србија на гостите
СледнаГрчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори ја одушевија публиката во Охрид