За некои луѓе крцкањето на прстите е несвесна навика, а други уживаат во тоа. Истражувањата покажуваат дека меѓу 20 до 50 проценти од луѓето ги крцкаат прстите.
Дали овие крцкања може да остават трајни последици?

Она што се случува кога ги крцкаме прстите има едноставно објаснување. Зглобот е местото каде се спојуваат две коски, а зглобовите на прстите, вратот и грбот се опкружени со синовијална течност – супстанца слична на белка од јајце.
Кога се тегнат и свиткуваат прстите, просторот во внатрешноста на зглобот привремено се зголемува. Ова предизивкува пад на синовијалната течност поради што гасовите претходно растворени во неа почнуваат да се издвојуваат како меурчиња.
– Иако може да биде бучен, крцкањето на прстите е „само нормален физиолошки процес“, вели Кими Хејрич, ревматолог од Универзитетот во Манчестер.
Сепак, некои луѓе стравуваат дека силното крцакање на прстите може да доведе до исчашување на прстите или на тетивите особено ако се примени сила или ако нагло се истегне. Вакви случаи навистина имало и се документирани.
На пример во 1999 година еден хирург во Филаделфија опишал случаи на двајца пациенти кои си ги повредиле прстите бидејќи биле претерано упорни во обидот да слушнат звук на крцкање.




