дома Свет Нетанјаху „дал амин“ за обнова на делот од Рафа под израелска контрола

Нетанјаху „дал амин“ за обнова на делот од Рафа под израелска контрола

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац одобриле обнова на областите под контрола на Израел во источниот дел на градот Рафа, што се наоѓа на југот на Појасот Газа, објавија израелското Воено радио.

Според радиото, без какво и да јавно информирање за одлуката, Нетанјаху и Кац одобриле инфраструктурни активности за т.н. „Зелена Рафа“, во источниот дел на градот, за изградба на станбени комплекси за Палестинците што нема да се под контрола на Хамас.

Проектот „Зелена Рафа“ треба да се реализира на делот од градот под контрола на израелската армија. Военото радио посочува дека реонот е „целосно израмнет и расчистен и моментно е празна“, а ќе биде „под контрола на мултинационални сили“.

„Инфраструктурните активности за кои сега е дадено зелено светло ќе им овозможат на изведувачите и работниците да влезат во областа за да вршат ископувања и да воспостават врски со мрежите за електрична енергија, вода и канализација. Изведувачите и работниците што ќе работат во областа ќе бидат Палестинци од Газа“, наведува радиото, повикувајќи се на израелски безбедносни извори.

Овие работнице во моментов се подложени на безбедносни проверки од страна на безбедносната служба Шин Бет за да добијат дозвола за влез во областите каде треба да се гради „Зелена Рафа“. Се очекува градежните работи да започна во рок од неколку недели.

Но, Кабинетот на Нетанјаху ги негираше ваквите наводи на радиото, нагласувајќи дека со нив „се искривуваат фактите и повторно се објавуваат застарени информации“.

Според Кабинетот, станува збор за пилот-проект на Обединетите Арапски Емирати, што се спроведува веќе неколку месеци.

„Работата на обнова на електричната, канализациската и водоводната инфраструктура нема да ја извршуваат изведувачи од Газа, туку ќе ги надгледува израелската армија“, се додава во реакцијата на Кабинетот.

Од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и Хамас во октомври 2023 година, според проценките, уништини се околу 90 проценти од инфраструктурата во Појасот Газа.

ПредходнаЃоковиќ ненејавен гостин на концертот на Владо Георгиев (ВИДЕО)
СледнаБосанец украл камион во Италија: „Сакав само малку да повозам“ (ВИДЕО)