дома Живот Босанец украл камион во Италија: „Сакав само малку да повозам“ (ВИДЕО)

Босанец украл камион во Италија: „Сакав само малку да повозам“ (ВИДЕО)

Халил Сулејмановиќ, за кого италијанските медиуми велат дека е со босанско потекло, е уапсен во градот Сасари во Италија, откако украл камион натоварен со овошје и зеленчук, а потоа се обидел да избега од полицијата.

„Долго време не сум возел и сакав само повторно малку да повозам“, изкавил 62-годишниот Сулејмановиќ по апсењето, обидувајќи се да објасни зошто го украл камионот.

Според италијанските медиуми, Сулејмановиќ го украл камион сопственост на трговец со овошје и зеленчук, во кој биле оставени клучевите. Сопругата на сопственикот го следела камионот во својот автомобил и се јавила на полицијата, по што карабињерите и се придружиле во потерата.

Сулејмановиќ не застанал кога полицијата му наредила, па карабињерите испукале седум куршуми во гумите на украденото возило. Бегалецот на крајот било запрен во областа Сант’Орсола, каде што тој бил уапсен.

При инцидентот Сулејмановиќ го повредил стапалото, па на првото судско рочиште се појавил преки онлајн врска од затворот Банкали, каде што е притворен.

Сулејмановиќ се товари за тешка кражба, отпор кон службено лице, оштетување на имот и непочитување на полициска наредба за запирање. Неговото судење е закажано за 10 септември.

Инаку, во 2024 година Сујемановиќ кога беше осуден во Сасари на две години и два месеци затвор поради тешка кражба.

ПредходнаНетанјаху „дал амин“ за обнова на делот од Рафа под израелска контрола
СледнаЗа влакно избегнат судир на два авиони на аеродромот во Сиднеј