дома Живот Голи велосипедисти продефилираа во Берлин

Голи велосипедисти продефилираа во Берлин

Парада на голи велосипедисти за првпат се одржа во Берлин. Според „Шпигел“ учествувале околу 500 лица, а според „Билд“ околу 700.

Рутата долга 33 километри ја следеше патеката од Берлинскиот ѕид до Шенефелд, а според организаторите, учесниците имале слобода сами да изберат дали ќе возат без облека или ќе бидат облечени на начин на кој најмногу им одговара.

– Станува збор за разновидноста на човечките тела, наместо за конформизмот. Настанот има за цел да испрати порака за толеранција и самоприфаќање, поврзаност со природата и заштитата на животната средина, како и за инклузија и разновидност, рекоа организаторите, додавајќи дека голотијата нема сексуална конотација.

 

ПредходнаДенеска започнува третото прскање против комарци во Велес
СледнаКако да реагирате ако нагазите на морски еж