Норвешкиот напаѓач Ерлинг Холанд, кој по успешниот настап на Светското првенство во фудбал ужива на одмор на Сицилија, стана туристичка атракција.
На својот YouTube канал сподели видео од одморот на Сицилија на кое се гледа како туристички бродови поминуваат покрај јахтата што ја изнајмил Холанд со соиграчот од репрезентацијата Сандер Берге.

– Гледате, тие буквално организираат тури! Слоганот е: „Дојдете да видите каде одмара Халанд“. Тие се приближуваат и застануваат токму пред нас. Никогаш во животот не сум видел нешто слично, вели Холанд во видеото на кое се смее и им мавта од палубата на воодушевените туристи.




