дома Бизнис „Сони“ и ТСМЦ заеднички ќе инвестираат во фабрика во Јапонија

„Сони“ и ТСМЦ заеднички ќе инвестираат во фабрика во Јапонија

Јапонскиот гигант „Сони“ и тајванскиот ТСМЦ планираат да инвестираат околу 6,3 милијарди долари во заедничка фабрика во Јапонија за производство на напредни сензори за слика, објави јапонскиот економски магазин „Никеи“.

Според планот, „Сони“ ќе поседува 60 проценти од новата компанија, а ТСМЦ преостанатите 40 отсто. Договорот за инвестирање треба да биде финализиран во следните неколку месеци, додека масовното производство се очекува да започне во 2029 година.

Двата технолошки гиганти ќе соработуваат на развој и производство на високо-перформансни сензори за камери, а производството ќе се одвива во постоечкиот објект на „Сони“ во Кумамото.

„Сони“ е водечки светски производител на сензори за слика, клучни компоненти што се вградени во паметни телефони и автомобили. Од друга страна, ТСМЦ е најголемиот светски производител на полупроводнички чипови.

ПредходнаЕруптира вулканот Етна исфрлаjќи големи количества пепел (ВИДЕО)
СледнаНови пожари во Франција, се планира евакуација на 200.000 луѓе