дома Свет Италија и Данска бараат отворање мигрантски прифатни центри надвор од ЕУ

Италија и Данска бараат отворање мигрантски прифатни центри надвор од ЕУ

Премиерките на Италија и Данска, Џорџа Мелони и Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на опасноста од „неконтролирана миграција“ во Европа и обновуваја повик за отворање на т.н. центри за прифат на мигранти надвор од територијата на Европската Унија, каде додека да бидат вратени во нивните матични земји би биле сместувани лицата чии барања за азил во Еу се одбиени.

„Не прифаќаме неконтролирана имиграција во Европа. Водевме строга имиграциска политика и во нашите матични земји и во Европа. Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемување на стапката на криминал, зголемување на притисокот врз јавните услуги и ерозија на јавната доверба“, наведе Фредериксен во објава на Инстаграм.

Според неа, особено сериозно е кога мигранти, кои немаат законско право да останат во европските земји, вршат злосторства, се занимаваат со трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство.

Двете единствени жени на чело на една влада во Европската Унија инсистираа дека мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ, како и да се изнакдат „други иновативни решенија надвор од Европа“.

Интересно е што Мелони и Фредериксен доаѓаат од различни делови на европскиот политички спектар. Додека, Мелони ја предводи екстремно десничарската партија Браќата на Италија (ФДИ), Фредериксен е лидерка на левоцентристичката партија Социјалдемократи .

„Почнуваме од различни политички позиции. Не се согласуваме за сè, но сме обединети во нашата желба да ја заштитиме Европа“, се вели во нивното заедничко соопштение на Мелони и Фредериксен.

Идејата за отворање центрите за сместување на мигранти надвор од ЕУ не е нова и за неа со години се дискутира во рамките на блокот, но се уште не е постигнат консензус за нивно отворање поради многу контроверзни поврзани со тоа прашање.

ПредходнаПартиски реакции по заканите упатени до новинарот Емил Ризаов
СледнаНајмалку 75 загинати при земјотрес од 7,4 степени во Колумбија (ВИДЕО)