
Напади врз Запорожје и Киев
Шефот на регионалната воена администрација, Иван Федоров, рано утрово во вторник објави на Телеграм дека во Запорожје се погодени индустриски објекти и инфраструктура. Во Киев, едно лице е повредено, според првичните извештаи. Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека во главниот град се слушнале експлозии и ги повика жителите да останат во засолништата додека службите за итни случаи пристигнат на местото на настанот, објави ДПА.

Недостаток на систем за воздушна одбрана
По повеќе од четири години војна, Украина се соочува со недостиг од пресретнувачки ракети за воздушна одбрана, што ѝ овозможи на Русија да ја интензивира употребата на балистички ракети против Киев и други градови. Американските системи „Патриот“ се сметаат за меѓу најефикасните средства за одбрана од балистички ракети, кои се особено тешки за пресретнување поради нивната голема брзина.
Украина има неколку системи „Патриот“, но не доволно пресретнувачки ракети. Властите во Киев стравуваат дека Русија повторно би можела сериозно да ја оштети инфраструктурата на земјата со ракетни напади во текот на претстојната зима и дополнително да ги влоши условите за живот на милиони Украинци.




