
Голем пожар избувна во катна гаража во близина на аеродромот „Роаси-Шарл де Гол“, западно од францускиот главен град Париз. Засега нема информации за жртви.
Според францускиот канал ТФ1, станува збор за гаража што вообичаено ја користат патници кои ги оставаат своите автомобили кога летаат од Париз. Медиумот наведува дека десетици автомобили се зафатени од пожарот.
Гаражата се наоѓа на околу 10 километри од две аеродромски писти, кои се затворени за сообраќај. Поради пожарот во прекин е и железничкиот сообраќај на пругата што минува близу гаражата.
На местото на настанот се наоѓаат околу 100 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат огнот. Причините за пожарот за сега не се познати.
На социјалните мрежи се објавуваат снимки од густи облаци чад, за кој се тврди дека е видлив дури до центарот на Париз.
Пожарот избувна во време кога Франција се подготвува за нов топлотен бран, четврти ова лето. Уште од денеска е прогласен „портокалов метео аларм“ во 43 француски департмани, а утре ова предупредување ќе важи за 78 департмани.




