дома Живот Влијанието на затемнувањето на Сонцето врз домашните кучиња и мачки

Влијанието на затемнувањето на Сонцето врз домашните кучиња и мачки

Утре нешто по 19 часот, Месечината полека ќе почна „да минува“ пред Сонцето, предизвикувајќи негово постепено затемнување, кое својот максимум ќе го достигне по 20 часот. Во тоа време, Месечината ќе покрие приближно 90 проценти од Сонцето, поради што ќе нема целосно затемнување, туку како да е самрак. По ова, Месечината постепено ќе исчезнезнува од пред Сонцето.

За многу луѓе, затемнувањето на Сонцето ќе возбудлив настан, но се поставува прашањето каков ефект врз домашните миленици ќе има ова ненадејното намалување на дневната светлина?

Експертите посочуваат дека кога станува збор за кучињата тие се прилично добро адаптирани на живеење со луѓе и знаат како тие ќе реагираат во речиси сите ситуации. Тие посочуваат дека чувство за реакција на светлина и сонце кај домашните кучиња е многу помалку развиено отколку кај дивите животни, па затоа затемнувањето на Сонцето ќе има малку видливи последици за повеќето кучиња.

Мачките што живеат во затворен простор, според експертите, веројатно нема да почувствуваат речиси никаква разлика од затемнувањето на Сонцето. Оние, пак, мачки кои околу самракот се поактивни и излегуваат надвор, сигирно дека ќе забележат оти „порано се стемнило“, но тоа веројатно ќе има ограничен ефект врз нивното однесување.

Начинот на кој ќе се однесуваат варира од мачка до мачка. Можно е да останат поблиску до дома, или да бидат помалку активни.

Сепак, според експертите за животни, какви и да било промени во однесувањето кај кучињата и мачките нема да бидат предизвикани од самото затемнување на Сонцето, туку првенствено од нивните сопственици,

Ова од прилина што честопати се потценува колку животните се чувствителни на промените во нашето однесувањето на нивните сопственици. Доколку тие се под стрес да приготват се што е потребно за пријателите што ќе се соберат во домот да го гледаат затемнувањето или да организираат нешто за децата или семејството, тогаш кучињата и мачките со сигурност ќе почувствуваат дека нешто се случува.

„Доколу сопствениците се во состојба на немир, миленичињата ќе го забележат тој немир. Истото важи и ако сопствениците се под стрес“, велат експертите, препорачувајќи им на сопствениците внимателно да го следат домашното милениче и да се обидате да се однесуваат „што е можно понормално“.

ПредходнаПожар во катна гаража кај на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, чадот видлив до центарот на Париз
СледнаБилансот на загинати во земјотерсот во Колумбија достигна најмалку 224