дома Магазин Ентони Хопкинс дебитира во музиката со албум „Животот е сон“

Ентони Хопкинс дебитира во музиката со албум „Животот е сон“

Осумдесет и осумгодишниот актер Ентони Хопкинс, познат по многубројните филмски улоги, на 21 август ќе дебитира со музички албум на кој се поместени 12 негови композиции.

Албумот насловен „Животот е сон“, содржи композиции создадени во текот на шест децении, е изведени од Филхармонискиот оркестар под диригентската палка на Густаво Дудамел.

Албумот е снимен во април во лондонскиот хотел „Александра Палас“. Со филхармонискиот оркестар диригира Густаво Дудамел, венецуелски виолинист и диригент, а ќе биде објавен на 21 август од „Дека рекордс“.

– Мојата прва љубов, или поточно мојот повик во животот, е музиката“, вели Хопкинс.

Првиот инструмент го има на четиригодишна возраст, а неколку години подоцна почнува да компонира. Своето прво дело, валцер, го напишал во 1960 година, кога имал 22 години.

ПредходнаПо првиот смртен случај од западнонилска треска. Кои се симптомите?