Коосновачот на стартапот „Фиџа“, ќерката на милијардерот Бил Гејтс, Фиби, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал злоупотреба на провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле услугите на компанијата, објавија денес американските медиуми.

Според извештајот на Блумберг, „Фиџа“ поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога не кликнале на понудите на компанијата, објави Њујорк пост.
На овој начин, на продавачите им било покажано дека „Фиџа“ довела до купување, за компанијата да може да добие провизија.
Според извештајот, Гејтс и нејзината деловна партнерка Софија Киани знаеле за оваа практика најмалку седум месеци.
„Фиџа“ ги отстранила спорните функции во јули и објавила дека ги прегледува трансакциите и враќа пари на партнерските компании за погрешно припишани продажби.
По отстранувањето на овие карактеристики, просечниот дневен приход на компанијата се намали од околу 80.000 долари на помеѓу 10.000 и 28.000 долари, според „Блумберг“. Правниот експерт Ариел Гивнер изјави дека таквата практика во САД може да претставува измама преку електронски трансфер, што е казниво со затвор до 20 години.




