дома Локално Воздушна интервенција над село Габер: Aвиониi и хеликоптер го гаснат пожарот

Воздушна интервенција над село Габер: Aвиониi и хеликоптер го гаснат пожарот

Авиони  и хеликоптер интервенираат во гаснењето на пожарот во шумата над селото Габер, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК информираат дека иако пожарот е проширен, ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите.

Поради тоа што огнот се наоѓа на планински и непристапен терен каде интервенцијата од земја е отежната, во воздухот делуваат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР.

Пожарот во моментот се движи во правец на селото Вржале, поради што состојбата внимателно се следи од екипите на терен. Мртеоролозие највавуаат ветер но и дожд ѓто може да ја усложни но и речи ситуацијата.

ПредходнаАнгелов: Над 50 пожари ја зафатија Македонија, критично во Студеничани и Македонски Брод
СледнаИтака очекува туристички бум: Филмот „Одисеја“ би можел да донесе илјадници туристи