Летото е пуштено на најсилно.УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерењата на УХМР покажаа дека Берово е место со најниска утринска температура од само 14 степени. Утрово Кавадарци е најтоплото место со 24 степени во осум часот.

Мерните станици покажаа 23 степени ова утро во Скопје.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на места ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, проследено со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 33 степени.




