Три земјотреси ја погодија Босна и Херцеговина преку ноќ, со епицентар во близина на Сараево, на 30 километри од главниот град на Босна и Херцеговина.

Првиот се случи во 00:45 часот, а магнитудата, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), била 3,6 степени според Рихтеровата скала, објавува порталот Klix.ba.
Епицентарот бил во близина на Фоча, на 32 километри од Сараево.
Само 15 минути по овој земјотрес, се случило дополнително тресење на земјата, а епицентарот повторно бил на 30 километри од главниот град на Босна и Херцеговина, во близина на Горажде.
Овој земјотрес бил малку послаб, а EMSC наведува дека имал магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала.
Третиот потрес е регистриран во три часот по полноќ, а интензитетот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на овој земјотрес беше во Соколац, кој е исто така на 30 километри од Сараево.
Поголемиот дел од коментарите на страницата на EMSC се од Сараево, каде што беа почувствувани сите три потреси.




