Во поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови загинаа две постари жени и повредија две бебиња во рурална област во северозападна Шпанија, јавува Ројтерс.

„Потврдена е смртта на две жени, на возраст од околу 60 и 80 години“, соопштија службите за итни случаи на регионот Кастиља и Леон по катастрофата во малото село Манзанедо де Валдуеза.
Тие додадоа дека две бебиња биле прегледани за модринки, а третото лице кое е пријавено како исчезнато – маж во своите 80-ти години – „било пронајдено неповредено“.
Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа сива маса од камења и кал што поминала низ селото и однела автомобил.
Градоначалникот на блискиот град Понферада, Марко Морала, изјави дека „силните бури во ридската област предизвикале огромен наплив на камења, кал и тиња“ што довело до смртни случаи.
Катастрофата предизвика материјална штета и во соседното село Боас.




