дома Македонија Околу 98% од Европејците дишат загаден воздух, најлошо е во Македонија

Околу 98% од Европејците дишат загаден воздух, најлошо е во Македонија

66

Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а најтешко погодена е Македонија, покажува истражувањето на британскиот дневен весник „Гардијан“.

Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализатра на британскиот весник.

Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички што ги надминуваат стандардите поставени од Светската здравствена организација. Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е повеќе од двојно над одзволеното ниво согласно СЗО.

Во Македонија, најтешко погодената земја во Европа, речиси две третини од луѓето живеат во области со загадување поголемо од четири пати од насоките на СЗО за PM2.5, при што во четири области откриена е загаденост на воздухот што е речиси шест пати поголема од препораките – меѓу нив и главниот град, Скопје.

Истражуваањето покажува и дека источна Европа е значително полоша од западна Европа, со исклучок на Италија, каде што повеќе од една третина од оние што живеат во долината По и околните области на северот на земјата дишат воздух што е четири пати над насоките на СЗО за најопасните честички во воздухот.

„Ова е тешка криза на јавното здравје“, изјави Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, кој го предводеше тимот на истражувачи низ целиот континент што ги собра податоците. „Од она што гледаме, сосема јасно е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух“, вели тој.

Податоците исто така откриваат дека речиси сите жители во седум земји во источна Европа – Србија, Романија, Албанија, Македонија, Полска, Словачка и Унгарија – имаат најмалку двојно повеќе нечист воздух од насоките на СЗО. Исто така, анализата открива дека повеќе од половина од населението во земјава и во соседна Србија живее со четири пати поголеми вредности од препорачаните од СЗО.

Сообраќајот, индустријата, греењето во домаќинствата и земјоделството се главните извори на PM2.5, а влијанието често се чувствува несразмерно кај најсиромашните заедници, наведува „Гардијан“.

Загадувањето на воздухот стана клучно прашање во Европа, при што ЕУ е под притисок да стори повеќе за да се справи со растечката криза на јавното здравје. Минатата недела, Европскиот парламент гласаше за усвојување на упатствата на СЗО за PM2.5 до 2035 година. Законот, кој треба да биде финализиран во преговорите со Советот, ќе постави законски обврзувачка граница за годишните концентрации на PM2.5 од 5µg/m3, што е намалување од сегашните 25 µg/m3 (µg/m3 = микрограми на кубен метар).

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаВо Велика Британија се појави болест која се шири од кучињата на луѓето
СледнаКорупцијата е избор, секој од вас треба да демонстрира дека му е доста од корупција