дома Магазин Австралија организира научен симпозиум за влијанието на Тејлор Свифт

Австралија организира научен симпозиум за влијанието на Тејлор Свифт

64

Австралија се подготвува да го одржи првиот меѓународен академски симпозиум во светот за влијанието на Тејлор Свифт, објави BBC.

„Свифтпозиумот“ ќе го истражува влијанието на мегаѕвездата на сè, од музичката индустрија до културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион.

Ќе се одржи во февруари, истата седмица кога Свифт ја носи својата турнеја „Ernas“, која урива рекорди, во Австралија.

Свифт, која стана ѕвезда како тинејџерка, се најде во центарот на главните културни моменти и дебати во текот на нејзината кариера. Триесет итригодишната пејачка стана еден од најплатените и најнаградуваните уметници на сите времиња, што предизвика дебата за сè, од хонорарите за стриминг и сопственост на музика до мизогинија и култура на бојкот.

Влијанието на нејзината турнеја „Eras“ беше такво што ги урна сајтовите за издавање билети, експертите го измислија новиот тренд „Свифтономикс“, а некои локални властил какво во асвстралиската дражава Викторија, побрзаа да ги реформираат законите за препродажба на билети.

„Таа е вистински феномен“, изјави за BBC организаторката на „Свифтпозиум“, Џенифер Бекет од Универзитетот во Мелбурн.

Иако идејата за настанот започна како полусериозен твит претходно оваа година, таа брзо доби поддршка од седум универзитети низ Австралија и Нов Зеланд.

„Тејлор Свифт навистина има многу конкретно влијание на глобално ниво, во работите што нѐ засегаат сите нас. Светските лидери бараат од неа да ја донесе турнејата Ерас во нивната земја поради економските придобивки што ги носи“, рече д-р Бекет, посочувајќи на работи како улогата на жените во индустријата, законот за забава, па дури и на бруто домашниот производ (БДП).

Иако Свифт беше предмет на универзитетски курсеви во САД, ова е првпат да се одржи глобален симпозиум на кој се дискутира за нејзиното влијание.

Организаторите се надеваат дека конференцијата ќе истражи теми како што се нејзините обожаватели, нејзиниот маркетинг и влијанието на кантавторката врз дебатите за полот, идентитетот и расата.

„Добредојдена е и критичката анализа на нејзиниот бренд и влијание“, велат тие. Организаторите зачуваа празен простор за самaтa суперѕвезда, доколку сака да дојде.

„ТејТај ако сакаш да дојдеш, би сакале да те имаме“, порачува д-р Бекет.



ПредходнаБилјана Драгичевиќ Пројковска лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“
СледнаРетка банкнота од 10.000 долари продадена на аукција за 480.000 долари